65% од испитаниците сметаат дека граѓанските организации треба да се вклучат во реформите во судството

Категории

65% од испитаниците сметаат дека граѓанските организации треба да се вклучат во реформите во судството

Институтот за европска политика - Скопје, заедно со Хелсиншкиот комитет во Македонија, денес во ЕУ Инфо центарот ги презентираа наодите од истражувањето на јавното мислење во однос на правосудството, борбата против корупцијата и темелните права (Поглавје 23).

За повеќе, видете ја новата анкета (2018) на административни службеници кои работат на Поглавјето 23.

Наодите од испитувањето покажуваат дека 50% од испитаниците сметаат дека судството во Република Македонија не ги исполнува стандардите за интеграција во Европската Унија. Во однос на работата на судството, 47% ја оценуваат како лоша

Како најголема пречка за спроведување на реформите, 31% од граѓаните го истакнуваат митото и корупцијата во судството.

Според испитувањето, дури 65% од испитаниците сметаат дека граѓанските организации треба да учествуваат во реформите во судството.

Испитувањето на јавното мислење е спроведено од ГФК+ како дел од проектот Мрежа 23+, финансиран од Европската унија.

Целосниот извештај можете да го најдете на линкот подолу.

Документи за преземање

 Истражување на јавното мислење - Поглавје 23 - целосно [Мрежа23] Истражување на јавното мислење - Поглавје 23 - инфографик [Мрежа23]

Галерија