Институтот за европска политика и Хелсиншкиот комитет во Македонија одржаа дискусија за јавни политики за транспарентност во судството, на која учествуваа граѓански организации и претставници од Здружението на судии на РМ, како и претставници од судовите во Република Македонија.
Транспарентноста на судството придонесува за зајакнување на независноста на судството. Согласно извештајот на Европската комисија, Македонија назадува втора година по ред во делот на правосудството. Согласно извештаите на ГРЕКО, транспарентноста е клучна за зголемување на доврбата на јавноста во правосудниот систем.
На настанот говореа:
- Д-р Симонида Кацарска, Директорка на Институтот за европска политика - Скопје
- Доц. д-р Џемали Саити, Претседател на Здружението на судиите на Република Македонија – судија во Врховен суд на Република Македонија
- Проф. Д-р Горан Калајџиев, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје, Хелсиншки комитет во Македонија
- Д-р Љубица Караманди Попчевски
- Шпенд Деваја, Врховен судија, член на Управниот одбор на Здружението на судии на Република Македонија
- Вонреден професор д-р Лазар Нанев, судија, член на Управниот одбор на Здружението на судии на Република Македонија
Дискусијата се одржа во хотелот Солун во Скопје на 25 април, 2017 година. Овој настан беше организиран од проектот Мрежа 23+, финансиран од Европската Унија.