Истражување: Кој вработува, општината или партијата?

Категории

Истражување: Кој вработува, општината или партијата?

Концептот на независна, аполитична и ефикасна јавна администрација е еден од водечките процеси кон комплетно демократизирање и правилно функционирање на пазарната економија во едно општество. Неефикасноста на јавната администрација води до непрекинлив процес на лоши практики на една демократска држава.

Истражувањето на ЗИП ИнститутотКој вработува, партијата или општината?“ изработено во рамките на проектот Мрежа 23+, покажува дека постојат политички мотивирани вработувања на општинско ниво. Ова не изненадува, со оглед на општата политизација на администрацијата во Република Македонија и високата стапка на невработеност.

Како најчести ситуации во кои процесот на вработување вработувањето во единиците на локалната самоуправа е корумпиран се наведени:
  • Во случаите кога процесот е партизиран од почеток, односно кога се отвора оглас за лице кое е веќе избрано;
  • Кога се отвора оглас за повеќе лица, па се мотивираат повеќе партиски членови да аплицираат. Тие се привилегираат во делот на интервјуирање, при што им се доделуваат повеќе бодови;
  • Кога се користи Законот за вработување за јавен сектор за техничкиот и помошниот персонал, при што процесот на вработување е поранлив на корупција.

Иако поголемото учество на Агенцијата за администрација во процесот на вработување е позитивен чекор за намалување на корупцијата при вработувањето, сепак во општините, а особено помалите средини, партиските вработувања продолжуваат.

Врз основа на наодите од истражувањето, ЗИП Институтот предложува неколку мерки за подобрување на процесите на вработување на локално ниво, со цел намалување на партиски мотивираните вработувања:
  • Реформа на постапката за вработување - иако се преземени одредени чекори кон реформа на постапката за вработување на државно ниво, се уште постои потреба од реформа, особено во однос на должината на самата постапка.
  • Вреднувањето на работното искуство, образованието, сертифицираните активности, познавањето на странски јазици како и неформалното образование, во согласност со претходната точка, треба да се земат предвид.
  • Поголема институционална вклученост од страна на Агенцијата за администрација и Министерството за информатичка технологија и администрација во процесите на борба против политички мотивираното вработување преку заеднички акционен план за подобра, поефикасна постапка за вработување.
  • Поголема транспарентност при објавување на огласите за работа.
  • Комуникација со одбиените кандидати - лицата чии апликации се одбиени треба да бидат соодветно информирани за исходот од нивната апликација, какои за соодветните жалбени постапки.
  • Активирање на механизмите за жалба - актуелизација на соодветните жалбени постапки кои што треба да бидат јавно и лесно достапни.
  • Актуелизација на механизмите за исвестување за политички односно партиски мотивирани вработувања - соодветните жалбени постапки треба да бидат јавно и лесно достапни.
  • Понатамошно внимание насочено кон проблемот преку медиумите и вклучување на сите релевантни засегнати страни во решенијата на истиот.
Истражувањето е направено како дел од проектот Мрежа 23+, финансирано од Европската Унија.

Документи за преземање

 Кој вработува, општината или партијата?

Галерија