Мрежа 23 издаде документ за јавна политика од областа на транспарентноста и отвореноста на судскиот систем.
Во документот се содржат препораки за унапредување на транспарентноста на судството со конкретни законски предлози, а се опфатени и клучните заклучоци од
дијалогот за политики од Мрежа 23+, кој се одржа во април 2017 година. Дел од наодите се потврдени во
вториот извештај на експертската група на Прибе.
Клучен чекор во унапредување на транспарентноста на судството е стратешкиот пристап за односи со јавноста во судството, во чија подготовка ќе учествуваат сите релевантни чинители (Судски совет, судови, Министерство за правда, Здружение на судии, адвокати, новинари и др.). Со овој пристап треба да се утврдат правила за комуникацијата со граѓаните, невладините организации и медиумите, со цел зголемување на довербата на јавноста кон судството.
Исто така, се препорачуваат мерки за зголемување на јавноста на судските расправи, редовно објавување на судските одлуки, и зголемување употребливоста на судските веб страници.
Целиот документ можете да го најдете на линкот подолу.
Автор на документот е Д-р Љубица Караманди Попчевска. Документот е издаден како дел од проектот Мрежа 23+, финансиран од Европската Унија.