69% од граѓаните не знаат дека постои бесплатна правна помош

Категории

69% од граѓаните не знаат дека постои бесплатна правна помош

Здружението Мултикултура претстави анализа на Законот за бесплатна правна помош (ЗБПП) и ефектот од неговата примена во пракса. Според резултатите на истражувањето, дури 69% од испитаниците не се запознаени дека граѓаните можат да побараат бесплатна правна помош (БПП). Исто така, само 3% од испитаните знаат за здруженијата кои се овластени за давање БПП во нивниот град.


Слика 1: Дали знаете дека постои бесплатна правна помош?

Услови за стекнување со бесплатна правна помош
Условите кои едно лице треба да ги исполнува за да може да му биде одобрена БПП се предвидени со Членот 12 од ЗБПП. Ставот (1) од овој член предвидува:

(1) Право на БПП имаат лицата од ставот 2 на овој член кои, со оглед на својата материјална положба, не би можеле да ги остварат со Устав и закон загарантираните права, без да го загрозат сопственото издржување и издржувањето на членовите на своето семејство со кои живеат во заедница.


Членот 12 предвидува и дополнителни околности за кои може да се побара БПП.

Број на барања за бесплатна правна помош
Од 2011, до 2016 година, кога и е издаден последниот извештај на Министерството за правда, поднесени се 742 барања за бесплатна правна помош целата територија на РМ. Ова претставува мал број на барања, со оглед на високата стапка на невработеност од околу 25% и високиот бој на социјални случаи.

Слика 2: Дали знаете кои здруженија од вашиот град се овластени да даваат бесплатна правна помош?


Препораки
Еден од проблемите во врска со ЗБПП е тоа што не е направена доволна промоција на истиот од непознати причини и затоа граѓаните немаат доволно информации во врска со неговото постоење. Неопходно е да се оствари промоција на Законот од страна на институциите, особено Министерството за правда, преку објавување на законскиот текст на веб-страните на министерствата.

Потребни се и промени на самиот закон, особено во делот на условите за да се биде корисник на оваа помош. Условите се високи и голем број на граѓани, не можат да бидат корисници на бесплатна правна помош. Притоа, кога барањето за БПП се одбива, трошоците направени за да се осигурат документите за БПП ќе треба да ги сноси самиот барател.

Погледнете го целото истражување на линкот подолу.
Истражувањето на здружението Мултикултура е изработено како дел од проектот „Мрежа 23+“, кој е финансиран од Европската Унија.
 

Документи за преземање

 Анализа: Бесплатна правна помош - предизвици и решенија

Галерија