Клучните наоди од седмиот Извештај во сенка за Поглавје 23 дискутирани со претставници од институциите, Г.О. и експерти

Категории

Клучните наоди од седмиот Извештај во сенка за Поглавје 23 дискутирани со претставници од институциите, Г.О. и експерти

Клучните наоди и препораки од седмиот по ред Извештај во сенка за Поглавје 23 кој Институтот за европска политика го изработува денес беа дискутирани со претставници од институциите, граѓанските организации и експерти.

 

Овој извештај во сенка го опфаќа периодот од октомври 2021 година до септември 2022 и ги обединува во единствена кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки што произлегоа од следењето на областите содржани во Поглавјето 23 – правосудство и темелни права. Во извештајот се прикажани податоци што се релевантни и пред октомври 2021 година година, доколку тие биле потребни за контекстуализација или за појаснување на новините од тековниот извештаен период, а кои се релевантни за извештајниот период. Овој извештај ја следи структурата на Поглавјето 23, согласно извештајот на Европската комисија.

 

Целта на дијалогот за политиките со претставниците од институциите, граѓанските организации и експерти од областа беше да се поттикне отворена дебата за имплементацијата на реформите во Поглавјето 23 во Република Северна Македонија. Имајќи предвид дека квалитетни и одржливи решенија во Поглавјето 23, претставуваат клуч за интеграцијата во евроатлантските структури, коментарите и дискусијата од настанот ќе бидат интегрален дел од финалната верзија на „Извештајот во сенка за Поглавјето 23 за периодот октомври 2021 – септември 2022 година“, кој понатаму ќе биде презентиран и споделен со клучните национални и меѓународни засегнати страни.

 

Настанот беше организиран во рамките на проектот „Градиме мостови за заедничка иднина: Владеењето на правото во насока на пристапувањето во ЕУ“, кој е финансиран од Европската Унија и има цел да помогне во креирањето на одржливи реформи за владеење на правото во насока на пристапувањето во Европската Унија.