Анализа на одлуките и решенија на Уставниот суд на Република Северна Македонија по поднесени барања за заштита на слободите и правата
-
11 декември 2023
-
Игор Спировски, Маргарита Цаца Николовска
-
Национален
-
Невладин сектор
-
Анализа
Анализава има за цел, преку разгледување на сите одлуки и решенија донесени од Уставниот суд на Република Северна Македонија (РСМ) во периодот од 1992 до 2023 год., да го согледа остварувањето на надлежноста од гледиште на нормативните основи и претпоставки, правните сфаќања и доктрини применети во заштита на човековите слободи и права. Дополнително, треба да ги идентификува прашањата што би можеле да бидат основа за унапредување на нивото на заштита на слободите и правата, особено од гледиште на меѓународните документи, како што се Декларацијата за човековите права на Обединетите нации, Европската конвенција за човекови права и други, како и од гледиште на влијанието на пресудите на Европскиот суд за човекови права во одлучувањето на Уставниот суд.
Повеќе