Од Мрежа 23: Правосудство

Области

 Задржување од имиграциски причини во Северна Македонија низ бројки

  •  29 декември 2021
  •  Игор Стојчевски
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Бројот на задржани лица од имиграциски причини во 2021 година (388) е во континуиран пораст споредено со претходните години (2020 – 317, 2019 - 225). Постои мало намалување на бројот на задржани деца од имиграциски причини во 2021 година, споредено со истиот период во 2020 година. Просечното време на задржување на дете во ПТЦ Винојуг изнесува 29 денови, а најдолгото 50 денови. Во најголем број на случаи беше назначен старател на задржаните деца без придружба. Меѓутоа понекогаш имаше доцнење околу навременото назначување на старателот.

Повеќе

 Мониторинг извештај за исполнетоста на планот за борба против корупција "Акција 21" и националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси

  •  10 декември 2021
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Мониторинг - извештајот за исполнетоста на Планот за борба против корупција „Акција 21“ и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, во период од март до декември 2021 година е изработен во рамки на проектот „Следење на националните активности во борбата против корупцијата“, со цел мерење на нивото на имплементација на овие документи и приказ на отворените прашања, празнини и недостатоци во спроведувањето на планираните чекори.

Повеќе

 Состојбата на азилот во Република Северна Македонија 2020 година

  •  23 ноември 2021
  •  Игор Стојчевски, Теодора Ќосева Костадиновска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој извештај претставува сеопфатен преглед на различните практики, политики и постапки во однос на системот на азил во Република Северна Македонија во 2020 година. Извештајот ги истакнува главните предизвици со кои се соочуваат барателите на азил и бегалците за време на постапката за азил и при остварување на другите права. При изработката на овој документ беа користени: a) податоци прибавени при застапување на барателите на азил, бегалците и мигрантите, лицата под супсидијарна заштита и признаените бегалци во Република Северна Македонија, б) податоци прибавени при мониторинг на состојбата и постапувањето од страна на органите со бегалците и мигрантите во транзитните центри, каде што МЗМП има достапни канцеларии, и в) податоци прибавени при присуството во канцеларијата во Прифатниот центар за баратели на азил во Скопје. Дополнително, за потребите на овој извештај беа прибавени информации од јавен карактер и беа искористени многубројни достапни извештаи и литература.

Повеќе

 Иднината на слободата на собирање во Северна Македонија во дигиталната ера

  •  19 ноември 2021
  •  Душица Нофитоска, Весна Дишлијоска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Правото на здружување и јавен собир само по себе не значи само здружување на граѓаните со физичко присуство преку кое тие би изразиле незадоволство од одредена владина одлука која ги засега нивните права и интереси. Во последните неколку години се забележува тренд на зголеменo користење на интернет алатки преку кои граѓаните на една земја можат да дејствуваат во онлајн просторот на ист начин како што би постапиле со физичко присуство. Во Северна Македонија, трендот на користење онлајн алатки го доживува својот врв со прогласувањето на пандемија на Ковид 19. Целта на оваа анализа е да се сублимира Меѓународната правна рамка за слободата на мирно собирање во дигиталната ера и да се презентираат обврските на државата. Исто така, да се истражат можностите и предизвиците на собирите во дигиталната ера и влијанието на новите технологии во остварувањето на правото на слободен собир. А истовремено да се направи споредба и истражување за концептот на дигитално посредувани собири во Се

Повеќе

 Уставен суд на Република Северна Македонија, искуства и перспективи

  •  13 септември 2021
  •  Маргарита Цаца Николовкса, Игор Спировски, Мартин Сопронов
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Уставните судови се посебни уставни органи кои како своја надлежност ја имаат контролата над уставноста, а некаде и на законитоста. Како резултат на оваа нивна значајна улога во политичките системи на државите тие претставуваат клучен елемент на конституционализам кој претставува противтежа (ограничување) на парламентарната супрематија и извршната власт во процесот на остварувањето на државната власт и за воспоставување систем на “уставна демократија“ заснован на супрематија на Уставот. Во оваа смисла, една од основните функции на уставните судови е да го обезбедат важењето на темелниот принцип на поделбата на власта на законодавна, извршна и судска во едно демократско општество, односно да ги контролираат и да ги држат носителите на овие власти во границите на нивните уставни прерогативи, заради остварување и развој на демократското општество засновано на владеење на правото и човековите права.

Повеќе

 Сојузништво солидарност и борба – оспорување на статус-квото во македонскиот современ синдикализам

  •  20 јули 2021
  •  Вилдан Дрпљанин, Наташа Петковска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој труд ја анализира улогата на синдикатите во работните односи низ призмата на нивниот правен субјективитет. Целта е преку претставување на две различни стојалишта во однос на правниот статус, да се покаже на кој начин наодите од спроведеното истражување ја наметнуваат тенденцијата да се оспори постојното статус-кво. Имајќи ја предвид асиметричната моќ помеѓу синдикатите на повисоко ниво и „пониските“ синдикати во дискурсот за нивниот правен субјективитет, трудот покажува дека кога сите синдикати уживаат својство на правно лице се зајакнува суштинското синдикално организирање, наспроти чисто формалното. Аргументацијата посочува дека стекнувањето својство на правно лице со моментот на упис во соодветниот регистар, за синдикатите претставува прв чекор на долгиот пат за зајакнување на сојузништвото, солидарноста и борбата кон остварување на заедничките интереси и цели. Поаѓајќи од одговорите за основната функција на синдикатот и за правниот статус на сите синдикати, трудот придонесува

Повеќе

 (Не)ефикасноста на Државниот инспекторат за труд во заштитата на работничките права – Инфографик број 7

  •  30 март 2021
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Статистика

Инфографикот кој што е приложен, содржи податоци за постапувањето на Државниот инспекторат за труд во однос на барањата за вонредни инспекциски надзори, како и соодветни препораки за подобрување на ефикасноста на инспекторатот. Инфографикот го опфаќа периодот од јануари до март 2021 година и е изготвен во рамки на проектот ,,Зголемување на продуктивноста преку подобрување на законската рамка за работните односи во Северна Македонија’’, финансиран од Фондот за добро владеење на Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.

Повеќе

 Посебен извештај за состојбата со човековите права во време на Kовид-19

  •  13 октомври 2020
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Пандемијата на вирусот КОВИД-19 предизвика глобални ефекти со размери неспоредливи со кој било друг настан во човековата историја. Брзорастечката здравствена криза, која ги погоди речиси сите држави во светот, предизвикува несогледливи економски и социјални последици, од кои човештвото допрва ќе се опоравува. Со оглед на сериозноста и неизвесниот тек на настаните, голем број влади, меѓу кои и нашата, сметаа дека е неминовно прогласување вонредна состојба заради целисходно справување со опасноста и штетите од новиот коронавирус. А бидејќи во време на вонредна состојба Владата може да презема активности надвор од рамките на она што би било дозволено во нормални околности, тоа значеше и аларм за зголемена будност на бранителите на човекови права.

Повеќе

 Компаративен преглед за 2018 и 2019 на оценките на ЕК за Поглавјето 23

  •  15 јули 2019
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Информација

Инфографик кој ги покажува разликите во оценките на Европската комисија за Поглавјето 23 за земјите од Западен Балкан.

Повеќе

 Извештај во сенка за Поглавје 23 за периодот јуни 2018 – март 2019 година

  •  14 мај 2019
  •  м-р Ива Цоневска, м-р Исмаил Камбери, м-р Александар Јованоски, Хајди Штерјова-Симоновиќ
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој извештај во сенка е направен во рамките на проектот „Мрежа 23 – Вмрежување за влијание (NETWIT 23)“ што го имплементираат Институтот за европска политика – Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права, што е финансирaн од Балканскиот фонд за демократија и Амбасадата на кралството Норвешка во Белград. Овој извештај ги обединува во единствена кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки што произлегоа од следењето на областите структурирани во Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Извештајот го опфаќа периодот од почетокот на јуни 2018 година, заклучно со крајот на март 2019 година. Во извештајот се прикажани податоци што се релевантни и пред јуни 2018 година. Периодот на опсег на извештајот е продолжен за да соодветствува на новиот извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија, што ќе биде објавен кон крајот на мај 2019 година. Овој извештај ја следи структурата на Поглавјето 23, согласно извештајот на Европската комисија.

Повеќе