Документи: Со таг Независност

Области

 Мониторинг извештај за исполнетоста на планот за борба против корупција "Акција 21" и националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси

  •  10 декември 2021
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Мониторинг - извештајот за исполнетоста на Планот за борба против корупција „Акција 21“ и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, во период од март до декември 2021 година е изработен во рамки на проектот „Следење на националните активности во борбата против корупцијата“, со цел мерење на нивото на имплементација на овие документи и приказ на отворените прашања, празнини и недостатоци во спроведувањето на планираните чекори.

Повеќе

 Иднината на слободата на собирање во Северна Македонија во дигиталната ера

  •  19 ноември 2021
  •  Душица Нофитоска, Весна Дишлијоска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Правото на здружување и јавен собир само по себе не значи само здружување на граѓаните со физичко присуство преку кое тие би изразиле незадоволство од одредена владина одлука која ги засега нивните права и интереси. Во последните неколку години се забележува тренд на зголеменo користење на интернет алатки преку кои граѓаните на една земја можат да дејствуваат во онлајн просторот на ист начин како што би постапиле со физичко присуство. Во Северна Македонија, трендот на користење онлајн алатки го доживува својот врв со прогласувањето на пандемија на Ковид 19. Целта на оваа анализа е да се сублимира Меѓународната правна рамка за слободата на мирно собирање во дигиталната ера и да се презентираат обврските на државата. Исто така, да се истражат можностите и предизвиците на собирите во дигиталната ера и влијанието на новите технологии во остварувањето на правото на слободен собир. А истовремено да се направи споредба и истражување за концептот на дигитално посредувани собири во Се

Повеќе

 Извештај од следење на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година – за 2020 година

  •  28 септември 2021
  •  м-р Ива Цоневска Вангелова, Златка Стамболиска - Поповска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој извештај од следењето на Стратегијата го следи планот за мониторинг на спроведувањето и евалуација на резултатите од Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година, што содржи индикатори ориентирани кон граѓаните и нивната интеракција со правосудството, за стратешките цели, насоки, мерки и активности од Стратегијата. Показателите ги мерат резултатите од Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 низ призмата на човековите права и ефектите врз граѓаните, наспроти целокупното работење на секторот.

Повеќе

 Резултати и недоследности во имплементацијата на Стратегијата за реформа во правосудниот сектор 2017-2022 година

  •  20 септември 2021
  •  Проф. д-р Ана Павловска-Данева
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Мислење

По напорите во отежнати услови и доста краток период да се донесе Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017–2022 година, кои се резултатите кои се исполнија согласно истата, а каде се недоследностите во нејзината имплементација? Кои се пропустите, научените лекции и клучните предизвици кои треба да се земат предвид при подготовка на нова стратегија за реформа на правосудниот сектор? Прочитајте го краткиот документ изработен од страна на претседателката на работната група која ја изработи Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017–2022 година.

Повеќе

 Предизвици во решавање на проблемите во граѓанско-правната област

  •  16 септември 2021
  •  судија Антоанета Димовска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Документ на политика

Изборот на судии со интегритет, кредибилитет и знаење е првиот предуслов за каква било реформа во судството, без вакво нешто нема квалитет во судството и сè друго што ќе биде предложено е без значење. Но, факт е дека има голем број судии кои посветено ја работат својата работа и во целиот овој период одолеваат на разните влијанија и обиди да бидат дискредитирани. Спроведувањето на секоја реформа е тежок процес што бара многу работа, посветеност, но нам не само што ни е неопходен туку е и единствен услов навистина да станеме држава каква што посакуваме сите. Не помалку важно е да се напомене дека реформата мора да се спроведе истовремено во сферата на персоналните решенија, материјално-техничката опременост, процесните закони, материјалните закони, затоа што секое поинакво пристапување кон реформата нема да биде реформа.

Повеќе

 Академски блог: Како да ја подобриме правната култура во Македонија

  •  25 август 2021
  •  Натали Петровска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Друго

Судските одлуки е потребно да бидат јасни и концизни, но и покрај тоа, во одредени индивидуални одлуки на судовите на национално ниво се утврдени обемни параграфи кои би требало да обработуваат различни сегменти од фактичката состојба, а кои се тешки за следење од страна на граѓаните/граѓанките. Квалитетот на правдата е постојана и долгогодишна заложба на меѓународните тела и механизми предвидена со конвенциите, резолуциите и препораките донесени под нивно покровителство, а во насока на олеснување на пристапот до правда, подобрување и поедноставување на постапките, намалување на обемот на работа на судовите и рефокусирање на работата на судиите за чисто судски активности.

Повеќе

 Дијалог за јавните политики „Имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017–2022 година“

  •  19 декември 2019
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Документ на политика

Овој краток документ за јавна политика, се темели на ставовите изнесени на дијалогот за јавни политики, кој се одржа на 11 декември 2019 година во Хотел Арка во Скопје, во рамки на проектот ,,Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните’’, кој го спроведува Институтот за европска политика и Асоцијацијата ЗЕНИТ, а е финансиран од Европската Унија преку Секторот за централно финансирање и склучување договори и кофинансиран од Владата на Република Северна Македонија. Проектот има за цел да придонесе за враќање на довербата на граѓаните во македонскиот правосуден сектор, преку значително вклучување на граѓанското општество во суштински реформи. Крајни корисници на овој проект се институциите во областа на правосудството. Дијалогот се состоеше од две сесии во кои учествуваа околу 60 претставници од министерството за правда, Судскиот совет, Советот на јавни обвинители, судии, јавни обвинители, експерти во областа, претставници од граѓанскиот сектор и од дипломатските претставн

Повеќе

 Процена на влијанието на регулативата на Законот за судови

  •  14 декември 2018
  •  м-р Ива Цоневска, м-р Исмаил Камбери
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Оваа анализа има цел да придонесе за унапредување на состојбите и имплементација на европските стандарди во делот на судството, имајќи го предвид националниот контекст.

Повеќе

 Збирка резимеа од истражувања на грантистите од проектот Мрежа 23+

  •  29 јуни 2018
  •  Мрежа 23
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

• Кон граѓански паноптикон: подобра рамнотежа меѓу заштитата на приватноста и потребата од следење на комуникациите • Кој вработува, општината или партијата? • Изворите на финансирање, висината на обезбедените средства и нивното влијание врз независноста на судската власт • Ќе има ли „свиркачи“ на универзитетите? Можностите на законот за заштита на укажувачите и спречувањето на корупцијата во високото образование во Република Македонија • Мониторинг на имплементацијата на меѓународни стандарди за правично судење во Основен суд Скопје I и Скопје II • Бесплатна правна помош – предизвици и решенија • Пристапноста и инклузивноста на судовите во Македонија • Анализа на Законот за одредување на видот и висината на казната • Анализа на примената на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната

Повеќе

 Помеѓу пасивност и активност - реформите во Поглавје 23

  •  16 април 2018
  •  Институт за европска политика и Хелсиншки комитет за човекови права на РМ
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој краток преглед ги сумира главните наоди и препораки од Извештајот во сенка за Глава 23 за периодот од мај 2016 год до јануари 2018 год. Подготвен е од Институтот за европска политика-Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права. Прегледот вклучува три различни периоди: - период пред предвремените парламентарни избори на 11 декември 2016 година, - транзицискиот период по изборите и пред формирањето на новата Влада на 31 мај 2017 година и - период од изборот на новата Влада до крајот на јануари 2018 година. Извештајот ги презентира клучните случувања во анализираниот период и дава препораки за политиките во секоја од областите од Поглавје 23. За детална анализа на сите области, ве молиме погледнете го Извештајот во сенка.

Повеќе
Клучни документи
  • Скрининг извештај на Европска комисија за Република Хрватска
  • Итни реформски приоритети за Република Македонија
  • Договор за Европската Унија
Види ги сите документи