Документи: Со таг Извештај

Области

 Извештај во сенка за Поглавје 23 за периодот октомври 2021 – септември 2022

  •  29 декември 2022
  •  Ангела Делевска, Беба Жагар
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој извештај во сенка ги обединува во единствена кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки што произлегоа од следењето на областите содржани во Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Ова е седми ваков извештај што го објaвува Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, земајќи ги предвид коментарите и мислењата на невладините организации.

Повеќе

 Задржување од имиграциски причини во Северна Македонија низ бројки

  •  29 декември 2021
  •  Игор Стојчевски
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Бројот на задржани лица од имиграциски причини во 2021 година (388) е во континуиран пораст споредено со претходните години (2020 – 317, 2019 - 225). Постои мало намалување на бројот на задржани деца од имиграциски причини во 2021 година, споредено со истиот период во 2020 година. Просечното време на задржување на дете во ПТЦ Винојуг изнесува 29 денови, а најдолгото 50 денови. Во најголем број на случаи беше назначен старател на задржаните деца без придружба. Меѓутоа понекогаш имаше доцнење околу навременото назначување на старателот.

Повеќе

 Посебен извештај за состојбата со човековите права во време на Kовид-19

  •  13 октомври 2020
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Пандемијата на вирусот КОВИД-19 предизвика глобални ефекти со размери неспоредливи со кој било друг настан во човековата историја. Брзорастечката здравствена криза, која ги погоди речиси сите држави во светот, предизвикува несогледливи економски и социјални последици, од кои човештвото допрва ќе се опоравува. Со оглед на сериозноста и неизвесниот тек на настаните, голем број влади, меѓу кои и нашата, сметаа дека е неминовно прогласување вонредна состојба заради целисходно справување со опасноста и штетите од новиот коронавирус. А бидејќи во време на вонредна состојба Владата може да презема активности надвор од рамките на она што би било дозволено во нормални околности, тоа значеше и аларм за зголемена будност на бранителите на човекови права.

Повеќе

 Помеѓу пасивност и активност - реформите во Поглавје 23

  •  16 април 2018
  •  Институт за европска политика и Хелсиншки комитет за човекови права на РМ
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој краток преглед ги сумира главните наоди и препораки од Извештајот во сенка за Глава 23 за периодот од мај 2016 год до јануари 2018 год. Подготвен е од Институтот за европска политика-Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права. Прегледот вклучува три различни периоди: - период пред предвремените парламентарни избори на 11 декември 2016 година, - транзицискиот период по изборите и пред формирањето на новата Влада на 31 мај 2017 година и - период од изборот на новата Влада до крајот на јануари 2018 година. Извештајот ги презентира клучните случувања во анализираниот период и дава препораки за политиките во секоја од областите од Поглавје 23. За детална анализа на сите области, ве молиме погледнете го Извештајот во сенка.

Повеќе

 Извештај во сенка за Поглавјето 23

  •  30 март 2018
  •  Мрежа 23
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Извештај во сенка за Поглавјето 23, за периодот од мај 2016 до јануари 2018 година. Овој извештај ги обединува во кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки кои произлегоа од следењето на областите структурирани во Поглавјето 23: правосудство, борба против корупција и темелни права. Ова е трет Извештај во сенка објавен од страна на Мрежа 23 и истиот му претходи на новиот Извештај за напредокот на Република Македонија кој се очекува да биде објавен од страна на Европската комисија во средината на април. Извештајот е подготвен во рамките на проектот „Мрежа 23+“, финансиран од Европската Унија.

Повеќе

 Месечен преглед за Поглавјето 23 - Правосудство и темелни права за месец ноември 2017 годинa

  •  07 декември 2017
  •  Мрежа 23
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

 Месечен извештај на Хелсиншки комитет за човековите права во Република Македонија, февруари, 2015

  •  20 февруари 2015
  •  Хелсиншки комитет за човековите права во Република Македонија
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

 Истражување за разбирањето и познавањето на граѓаните на човековите права и механизмите за заштита при нивно прекршување

  •  31 јануари 2015
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Проектот „Зголемување на транспарентноста и подобрување на владеењето на правото преку следење и известување за прекршувањето на човековите права во Република Македонија“, што се спроведуваше од 01.01.2014 година до 31.01.2015 година, имаше за цел да придонесе кон обезбедување на поголема правна сигурност на граѓаните во Република Македонија.

Повеќе

 Сегрегација на децата Роми во образовниот процес (истражувачки извештај)

  •  01 ноември 2014
  •  Комисија за заштита од дискриминација
  •  Национален
  •  Oфицијален орган
  •  Извештај

 Месечен извештај на Хелсиншки комитет за човековите права во Република Македонија, септември, 2013

  •  10 октомври 2014
  •  Хелсиншки комитет за човекови права во Македонија
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај
Клучни документи
  • Скрининг извештај на Европска комисија за Република Хрватска
  • Договор за Европската Унија
  • Договор за функционирањето на Европската Унија
Види ги сите документи