Документи: Со таг ЕУ законодавство

Области

 Помеѓу пасивност и активност - реформите во Поглавје 23

  •  16 април 2018
  •  Институт за европска политика и Хелсиншки комитет за човекови права на РМ
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој краток преглед ги сумира главните наоди и препораки од Извештајот во сенка за Глава 23 за периодот од мај 2016 год до јануари 2018 год. Подготвен е од Институтот за европска политика-Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права. Прегледот вклучува три различни периоди: - период пред предвремените парламентарни избори на 11 декември 2016 година, - транзицискиот период по изборите и пред формирањето на новата Влада на 31 мај 2017 година и - период од изборот на новата Влада до крајот на јануари 2018 година. Извештајот ги презентира клучните случувања во анализираниот период и дава препораки за политиките во секоја од областите од Поглавје 23. За детална анализа на сите области, ве молиме погледнете го Извештајот во сенка.

Повеќе

 Извештај во сенка за Поглавјето 23

  •  30 март 2018
  •  Мрежа 23
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Извештај во сенка за Поглавјето 23, за периодот од мај 2016 до јануари 2018 година. Овој извештај ги обединува во кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки кои произлегоа од следењето на областите структурирани во Поглавјето 23: правосудство, борба против корупција и темелни права. Ова е трет Извештај во сенка објавен од страна на Мрежа 23 и истиот му претходи на новиот Извештај за напредокот на Република Македонија кој се очекува да биде објавен од страна на Европската комисија во средината на април. Извештајот е подготвен во рамките на проектот „Мрежа 23+“, финансиран од Европската Унија.

Повеќе

 Бесплатна правна помош – Предизвици и Решенија

  •  06 септември 2017
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

ЗБПП е усвоен како дел од стратешкиот план за реформи на правосудниот систем со цел да се хармонизираат законите и другите правни акти, со законите на државите на ЕУ. Целта на ЗБПП е да се постават основите за пристап до правната помош на сите оние на кои им е потребно. ЗБПП беше усвоен во декември 2009 година, а почна да се имплементира во Јули 2010 година. На почетокот на имплементирањето бројот на барањата за добивање на БПП беше многу мал затоа што луѓето немаа информации за можноста за добивање на БПП и според резултатите на анкетата направена од страна на здружението Мултикултура и ден денес бројот на граѓаните кои имаат некоја информација за БПП е многу мал, а луѓето кои се информирани за постоењето на овој закон во најголем дел се од правната сфера. Еден од проблемите во врска со ЗБПП е тоа што не е направена доволна промоција на истиот од непознати причини и затоа граѓаните немаат доволно информации во врска со неговото постоење. Неопходно е да се оствари промоција

Повеќе
Клучни документи
  • Заклучоци на Советот за процесот на проширување и стабилизација и асоцијација-декември
  • Скрининг извештај на Европска комисија за Република Хрватска
  • Итни реформски приоритети за Република Македонија
Види ги сите документи