Документи: Со таг Темелни права

Области

 Извештај во сенка за Поглавје 23 за периодот октомври 2021 – септември 2022

  •  29 декември 2022
  •  Ангела Делевска, Беба Жагар
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој извештај во сенка ги обединува во единствена кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки што произлегоа од следењето на областите содржани во Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Ова е седми ваков извештај што го објaвува Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, земајќи ги предвид коментарите и мислењата на невладините организации.

Повеќе

 Значењето на пристапот заснован на човекови права за одговорот на здраствената криза предизвикана од КОВИД-19 во Република Северна Македонија

  •  29 март 2022
  •  Мартина Смилевска Кчева
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Документ на политика

Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 предизвика здравствена, економска и социјална криза во Република Северна Македонија. Како одговор на истата, владата презеде низа рестриктивни мерки за спречување на изложеноста на луѓето на вирусот и забавување на неговото ширење, како и сет мерки за ублажување на негативните ефекти од наметнатите рестрикции. Донесените мерки во значителна мера влијаеа на ограничувањето на правата на граѓаните, вклучувајќи воведување полициски час, одржување социјална дистанца, ограничено движење и собирање, затворени граници и стопирање на воздушниот сообраќај, онлајн образование, забрана за одржување верски настани и спортски натпревари, одложување на процедурални рокови во судски постапки, затворање на несуштински бизниси и сл. Додека таквите ограничувања на слободите и правата, во еден дел, можеби беа неопходни за контрола на пандемијата, сепак многу од овие политики беа премногу широки или се занемари да се земе предвид нивното влијание врз најранливит

Повеќе

 Задржување од имиграциски причини во Северна Македонија низ бројки

  •  29 декември 2021
  •  Игор Стојчевски
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Бројот на задржани лица од имиграциски причини во 2021 година (388) е во континуиран пораст споредено со претходните години (2020 – 317, 2019 - 225). Постои мало намалување на бројот на задржани деца од имиграциски причини во 2021 година, споредено со истиот период во 2020 година. Просечното време на задржување на дете во ПТЦ Винојуг изнесува 29 денови, а најдолгото 50 денови. Во најголем број на случаи беше назначен старател на задржаните деца без придружба. Меѓутоа понекогаш имаше доцнење околу навременото назначување на старателот.

Повеќе

 Иднината на слободата на собирање во Северна Македонија во дигиталната ера

  •  19 ноември 2021
  •  Душица Нофитоска, Весна Дишлијоска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Правото на здружување и јавен собир само по себе не значи само здружување на граѓаните со физичко присуство преку кое тие би изразиле незадоволство од одредена владина одлука која ги засега нивните права и интереси. Во последните неколку години се забележува тренд на зголеменo користење на интернет алатки преку кои граѓаните на една земја можат да дејствуваат во онлајн просторот на ист начин како што би постапиле со физичко присуство. Во Северна Македонија, трендот на користење онлајн алатки го доживува својот врв со прогласувањето на пандемија на Ковид 19. Целта на оваа анализа е да се сублимира Меѓународната правна рамка за слободата на мирно собирање во дигиталната ера и да се презентираат обврските на државата. Исто така, да се истражат можностите и предизвиците на собирите во дигиталната ера и влијанието на новите технологии во остварувањето на правото на слободен собир. А истовремено да се направи споредба и истражување за концептот на дигитално посредувани собири во Се

Повеќе

 Извештај од последователни посети за состојбата и условите во казнено-поправните установи во Република Северна Македонија во јули 2021

  •  15 ноември 2021
  •  Ина Џугуманова, Арбен Гудачи
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој извештај е подготвен во рамките на проектот „Елиминација на мачењето и нечовечкото постапување во затворите и установите за лишување од слобода“, финансиски поддржан од Европската Унија. За целите на проектот е склучен Меморандум за соработка помеѓу Македонското здружение на млади правници, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Управата за извршување на санкциите. Извештајот се базира на теренски посети од страна на претставничката од Хелсиншкиот комитет за човекови права – Ина Џугуманова, претставници од Македонското здружение на млади правници – Арбен Гудачи, како и над,ворешни експертки ангажирани од мониторинг тимот, психијатар – Марија Костадиновска и психотерапевт – Елисавета Секуловска. Експертките беа ангажирани со цел проценка на потенцијалниот импакт на материјалните услови во затворите и установите за лишување од слобода врз лицата коишто престојуваат во овие установи. Проценката е спроведена преку обезбедување на психијатриско и психотерапевтско советување на осудени

Повеќе

 Извештај од следење на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година – за 2020 година

  •  28 септември 2021
  •  м-р Ива Цоневска Вангелова, Златка Стамболиска - Поповска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој извештај од следењето на Стратегијата го следи планот за мониторинг на спроведувањето и евалуација на резултатите од Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година, што содржи индикатори ориентирани кон граѓаните и нивната интеракција со правосудството, за стратешките цели, насоки, мерки и активности од Стратегијата. Показателите ги мерат резултатите од Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 низ призмата на човековите права и ефектите врз граѓаните, наспроти целокупното работење на секторот.

Повеќе

 Резултати и недоследности во имплементацијата на Стратегијата за реформа во правосудниот сектор 2017-2022 година

  •  20 септември 2021
  •  Проф. д-р Ана Павловска-Данева
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Мислење

По напорите во отежнати услови и доста краток период да се донесе Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017–2022 година, кои се резултатите кои се исполнија согласно истата, а каде се недоследностите во нејзината имплементација? Кои се пропустите, научените лекции и клучните предизвици кои треба да се земат предвид при подготовка на нова стратегија за реформа на правосудниот сектор? Прочитајте го краткиот документ изработен од страна на претседателката на работната група која ја изработи Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017–2022 година.

Повеќе

 Уставен суд на Република Северна Македонија, искуства и перспективи

  •  13 септември 2021
  •  Маргарита Цаца Николовкса, Игор Спировски, Мартин Сопронов
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Уставните судови се посебни уставни органи кои како своја надлежност ја имаат контролата над уставноста, а некаде и на законитоста. Како резултат на оваа нивна значајна улога во политичките системи на државите тие претставуваат клучен елемент на конституционализам кој претставува противтежа (ограничување) на парламентарната супрематија и извршната власт во процесот на остварувањето на државната власт и за воспоставување систем на “уставна демократија“ заснован на супрематија на Уставот. Во оваа смисла, една од основните функции на уставните судови е да го обезбедат важењето на темелниот принцип на поделбата на власта на законодавна, извршна и судска во едно демократско општество, односно да ги контролираат и да ги држат носителите на овие власти во границите на нивните уставни прерогативи, заради остварување и развој на демократското општество засновано на владеење на правото и човековите права.

Повеќе

 (Не)ефикасноста на Државниот инспекторат за труд во заштитата на работничките права – Инфографик број 7

  •  30 март 2021
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Статистика

Инфографикот кој што е приложен, содржи податоци за постапувањето на Државниот инспекторат за труд во однос на барањата за вонредни инспекциски надзори, како и соодветни препораки за подобрување на ефикасноста на инспекторатот. Инфографикот го опфаќа периодот од јануари до март 2021 година и е изготвен во рамки на проектот ,,Зголемување на продуктивноста преку подобрување на законската рамка за работните односи во Северна Македонија’’, финансиран од Фондот за добро владеење на Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.

Повеќе

 Посебен извештај за состојбата со човековите права во време на Kовид-19

  •  13 октомври 2020
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Пандемијата на вирусот КОВИД-19 предизвика глобални ефекти со размери неспоредливи со кој било друг настан во човековата историја. Брзорастечката здравствена криза, која ги погоди речиси сите држави во светот, предизвикува несогледливи економски и социјални последици, од кои човештвото допрва ќе се опоравува. Со оглед на сериозноста и неизвесниот тек на настаните, голем број влади, меѓу кои и нашата, сметаа дека е неминовно прогласување вонредна состојба заради целисходно справување со опасноста и штетите од новиот коронавирус. А бидејќи во време на вонредна состојба Владата може да презема активности надвор од рамките на она што би било дозволено во нормални околности, тоа значеше и аларм за зголемена будност на бранителите на човекови права.

Повеќе