Документи: Со таг Роми и визна либерализација

Области

 Предизвиците за Ромите за време на кризата предизвикана од КОВИД-19

  •  22 мај 2020
  •  Исмаил Камбери
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Документ на политика

Во овој краток осврт даваме преглед на досегашните последици од КОВИД 19 врз ромската популација со осврт во однос на право на образование, право на здравје, право на работа, слобода на движење, основни услови за остварување на правата и слободите и активности на донатори и невладини организации за време на вонредната состојба. На крајот се споделени препораки категоризирани во секоја област наведена во документот.

Повеќе

 Извештај во сенка за Поглавјето 23

  •  30 март 2018
  •  Мрежа 23
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Извештај во сенка за Поглавјето 23, за периодот од мај 2016 до јануари 2018 година. Овој извештај ги обединува во кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки кои произлегоа од следењето на областите структурирани во Поглавјето 23: правосудство, борба против корупција и темелни права. Ова е трет Извештај во сенка објавен од страна на Мрежа 23 и истиот му претходи на новиот Извештај за напредокот на Република Македонија кој се очекува да биде објавен од страна на Европската комисија во средината на април. Извештајот е подготвен во рамките на проектот „Мрежа 23+“, финансиран од Европската Унија.

Повеќе

 Извештај: Предизвиците на Ромите повратници во Македонија

  •  16 јануари 2018
  •  Институт за европска политика и НВО КХАМ Делчево
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој извештај од истражувањето за реинтеграцијата на Ромите - повратници во Македонија е изработен во рамките на проектот „Поттикнување одржлива реинтеграција на Ромите - повратници во Македонија“, спроведуван од Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ), во соработка со невладината организација „Кхам“. Главната цел на проектот е да се предлагаат и да се застапуваат политики за обезбедување реинтеграција на Ромите - повратници во Македонија

Повеќе

 Прирачник за реинтеграција на Роми-повратници

  •  15 ноември 2017
  •  Институт за европска политика и НВО КХАМ Делчево
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Информација

Овој прирачник е наменет за Роми-повратници од западноевропските или други земји, во кои престојувале како баратели на азил или економски мигранти, во Република Македонија. Тој нуди едноставни насоки и основни информации на повратниците за можностите и поддршката што можат да ја добијат од јавните институции, граѓански организации и други чинители за полесно да се вклучат во животот на заедницата. Акцентот е ставен на следните области: лични документи, социјална заштита, здравствена заштита, образование, вработување и домување.

Повеќе

 Месечен преглед за Поглавјето 23 - Правосудство и темелни права за месец јули 2017 годинa

  •  14 август 2017
  •  Мрежа 23
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

 Ромите во безвизниот режим - документ за политика

  •  01 март 2017
  •  Институт за европска политика - Скопје
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Документ на политика

 Право на еднаквост и слобода на движење на границите: Искуства од давање на правна помош

  •  01 декември 2016
  •  Институт за европска политика (ЕПИ) и НВО КХАМ
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Оваа анализа се осврнува на досегашните искуства од судските случаи на лицата вратени од граничните премини и се базира на податоци со кои располага НВО КХАМ како една од клучните организации кои нудат помош при овие случаи.

Повеќе

 Брошура -Право на еднаквост и слобода на движење и нивна правна заштита

  •  01 август 2016
  •  НВО КХАМ и Институт за европска политика (ЕПИ)
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Друго

Краток водич за препознавање на дискриминација на македонските гранични премини, механизми за заштита и законски прописи

Повеќе

 Анализа: Достапноста и пристапот до бесплатна правна помош за лицата баратели на азил во Република Македонија

  •  13 јули 2016
  •  Македонско здружение на млади правници
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

 Ромските активисти за информирани и ефикасни политики за интеграција на Ромите

  •  17 април 2016
  •  Фондација Отворено општество Македонија
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Документ на политика

Кратки документи за јавни политики во образованието, здравствената заштита, реинтеграција на повратници

Повеќе
Клучни документи
  • Скрининг извештај на Европска комисија за Република Хрватска
  • Договор за Европската Унија
  • Договор за функционирањето на Европската Унија
Види ги сите документи