Независноста на правосудството се третира како надворешна и внатрешна. Надворешната независност ја воспоставува врската меѓу неза.висноста на судиите и принципот на еднаквост на граѓаните пред законот. Клучни нејзини аспекти се уставната поделба на власта и односот со медиумите. Внатрешната независност подразбира независност на секој судија во вршењето на судиската функција, без какво и да е ограничување, несоодветно влијание, притисоци, закани или мешање од каква и да е власт, вклучувајќи и внатре во судството, во донесувањето одлуки