Документи: Со таг Скрининг

Области

 Презентација 3 П23 Повелба за фундаменталните права

  •  28 октомври 2022
  •  ЕУ
  •  Oфицијален орган
  •  Друго

Повелбата за фундаменталните права беше формално прогласена во Ница во декември 2000 година од страна на Европскиот парламент, Советот и Комисијата и на 1 декември 2009 година, со влегувањето во сила на Лисабонскиот договор, на повелбата ѝ беше дадено обврзувачко правно дејство еднакво на договорите. Повелбата ги вградува сите права содржани во судската практика на Судот на правдата на ЕУ; правата и слободите содржани во Европската конвенција за човекови права; како и други права и принципи кои произлегуваат од заедничките, уставни традиции на земјите на ЕУ и други меѓународни инструменти. Создава правна сигурност во ЕУ, правејќи ги фундаменталните права појасни и повидливи.

Повеќе

 Презентација 4 П23 Расизам и ксенофобија

  •  28 октомври 2022
  •  ЕУ
  •  Oфицијален орган
  •  Друго

ЕУ ги отфрла сите форми и манифестации на расизам и нетолеранција бидејќи се некомпатибилни со вредностите и принципите врз кои ЕУ е основана. Правната рамка вклучува: - Минимални стандарди за расистички престапки и казни (злосторства од омраза, говор на омраза); - Правила кои забрануваат поттикнување омраза и промовирање на дискриминација преку аудиовизуелните медиуми; - Минимални стандарди за правата, поддршката и заштитата на жртвите на криминал (вклучувајќи посебно внимание на жртвите на злосторства од омраза); - Законодавство во областа на недискриминација: Директивата за еднаквост при вработување, која ја покрива дискриминацијата врз основа на религија, возраст, попреченост и сексуална ориентација (2000), Директивата за расна еднаквост (2004).

Повеќе

 Презентација 7 П23 Расна еднаквост и вклучување на Ромите

  •  28 октомври 2022
  •  ЕУ
  •  Oфицијален орган
  •  Друго

 Презентација 17 П23 Права на лицата со попреченост

  •  28 октомври 2022
  •  ЕУ
  •  Oфицијален орган
  •  Друго

На 30 март 2007 година, Европската заедница ја потпиша Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост (ОНКПЛП), која за ЕУ стапи во сила на 22 јануари 2011 година. ОНКПЛП признава дека попреченоста е концепт кој се развива: „лица со попреченост се лицата што имаат долгорочни физички, ментални и интелектуални или сензорни нарушувања, кои во интеракција со различни бариери во ставовите и средината може да го попречат целосното и ефективно учество во општеството на еднаква основа со другите“.

Повеќе
Клучни документи
  • Скрининг извештај на Европска комисија за Република Хрватска
  • Договор за Европската Унија
  • Договор за функционирањето на Европската Унија
Види ги сите документи