Одлуки: Член 7 ДЕУ

Категории

 C-156/21 - Hungary v Parliament and Council

  •  16 февруари 2022
  •  ECLI:  ECLI:EU:C:2022:97
  •  ЕУ
  •  Суд
  •  Судска одлука

Унгарија поднесе тужба до ЕСП, барајќи од него да ја поништи Регулативата за општиот режим на условеност за заштита на буџетот на Унијата, врз основа на следните аргументи: (i) не постои правна основа за Регулативата; (ii) само член 7 од ДЕУ и дава на ЕУ овластување да ги испитува и утврди прекршувањата на вредностите содржани во член 2 од ДЕУ и да наметнува санкции и (iii) Регулативата го прекршува начелото на правна сигурност. ЕСП ги отфрли овие аргументи, па ја одби тужбата, со што и дозволи на ЕК да го активира механизмот за условеност против Унгарија, без двоумење.

Повеќе

 C-157/21 - Poland v Parliament and Council

  •  16 февруари 2022
  •  ECLI:  ECLI:EU:C:2021:978
  •  ЕУ
  •  Суд
  •  Судска одлука

Полска поднесе тужба до ЕСП, барајќи од него да ја поништи Регулативата за општиот режим на условеност за заштита на буџетот на Унијата, врз основа на следните аргументи: (i) не постои правна основа за Регулативата; (ii) само член 7 од ДЕУ и дава на ЕУ овластување да ги испитува и утврди прекршувањата на вредностите содржани во член 2 од ДЕУ и да наметнува санкции и (iii) Регулативата го прекршува начелото на правна сигурност. ЕСП ги отфрли овие аргументи, па ја одби тужбата, со што и дозволи на ЕК да го активира механизмот за условеност против земјите членки, без двоумење.

Повеќе