Одлуки: Темелни права

Категории

 C-37/20 - Luxembourg Business Registers

  •  22 ноември 2022
  •  ECLI:  ECLI:EU:C:2022:912
  •  ЕУ
  •  Суд
  •  Судска одлука

 C-233/20 - job-medium

  •  25 ноември 2021
  •  ECLI:  ECLI:EU:C:2021:960
  •  ЕУ
  •  Суд
  •  Судска одлука

Во барањето за прелиминарно одлучување согласно член 267 од ДФЕУ, Врховниот суд на Австрија му постави прашање на ЕСП дали одредбата од националното право според која не се плаќа надоместок наместо платен годишен одмор во однос на тековната и последната работна година, каде што работникот еднострано го прекинува („се повлекува од“) работниот однос предвреме без причина, е компатибилен со членот 31 (2) од Повелбата за фундаменталните права на ЕУ и членот 7 од Директивата 2003/88 во врска со одредени аспекти на организацијата на работното време, а доколку одговорот е негативен, дали е потребно дополнително да се провери дали работникот не можел да го искористи годишниот одмор. ЕСП одговори дека членот 7 од Директивата 2003/88/ЕC во контекст на членот 31 (2) од Повелбата ја спречува одредбата од националното законодавство според која не се плаќа надоместок наместо платен годишен одмор кој не е земен во однос на тековната и последната година од работен однос, при што работникот еднострано предвремено и без причина го прекинува работниот однос. Не е неопходно националниот суд да утврди дали работникот не можел да го земе отсуството на кое имал право.

Повеќе

 C-282/20 - ZX (Régularisation de l'acte d'accusation)

  •  21 октомври 2021
  •  ECLI:  ECLI:EU:C:2021:874
  •  ЕУ
  •  Суд
  •  Судска одлука

Во барањето за прелиминарно одлучување согласно член 267 од ДФЕУ, Специјализираниот кривичен суд во Бугарија му постави прашање на ЕСП дали националниот закон, кој не предвидува никаков правен лек за грешки и пропусти во содржината на обвинението што го нарушува правото на обвинетиот да знае за што е обвинет, по завршувањето на првото рочиште во кривична постапка (предистражно рочиште), е компатибилен со членот 6 (3) од Директивата 2012/13 за правото на информирање во кривична постапка и членот 47 од Повелбата за фундаменталните права на ЕУ. Ако одговорот на тоа прашање е негативен: дали толкувањето на националните одредби со кои се уредува измената на обвиненијата што ќе му овозможи на обвинителството да ги исправи тие суштински нејаснотии и недостатоци во обвинението на рочиштето, за правилно и ефективно да се земе во предвид правото на обвинетиот да биде информиран за обвинението, е во согласност со горенаведените одредби и со членот 47 од Повелбата, или дали би било во согласност со тие одредби да не се применуваат националните закони кои забрануваат одложување на судската постапка и да се упати случајот назад до јавното обвинителство со насоки за изготвување на ново обвинение. ЕСП одговори дека двете горенаведени одредби мора да се толкуваат како спречување на националното законодавство кое не предвидува процесни лекови за отстранување, грешки и недостатоци во обвинението што го нарушуваат правото на обвинетото лице да добие детални информации за обвиненијата по предистражното рочиште за кривично дело. Понатаму, тие мора да се толкуваат како да бараат од упатувачкиот суд да даде толкување на националните правила за измена на обвиненијата, колку што е можно на начин кој ќе биде во согласност со тој закон, за да му се овозможи на обвинителот да ги исправи грешките и пропустите во содржината на обвинителниот акт на главниот претрес.

Повеќе

 C-824/19 - Komisia za zashtita ot diskriminatsia

  •  21 октомври 2021
  •  ECLI:  ECLI:EU:C:2021:862
  •  ЕУ
  •  Суд
  •  Судска одлука

Во барањето за прелиминарно одлучување согласно член 267 од ДФЕУ, Врховниот управен суд на Бугарија побара од ЕСП да утврди дали е дозволено слепо лице да може да работи како поротник и да учествува во кривична постапка, или дали конкретната попреченост на слепото лице е карактеристика што претставува вистински и одлучувачки услов за работата на поротник, чие постоење оправдува различен третман и не претставува дискриминација врз основа на карактеристиката „инвалидност“. ЕСП ја толкуваше Директивата 2000/78/ЕC на Советот за воспоставување општа рамка за еднаков третман во вработувањето и професијата, земајќи ги во предвид членовите 21 и 26 од Повелбата за фундаменталните права на ЕУ, при што утврди дека истата го превенира целосното одземање на можноста на слепото лице за вршење на должностите на поротник во кривичните постапки.

Повеќе

 C-350/20 - INPS () and de maternité pour les titulaires de permis unique)

  •  02 септември 2021
  •  ECLI:  ECLI:EU:C:2021:659
  •  ЕУ
  •  Суд
  •  Судска одлука

Во барањето за прелиминарно одлучување согласно член 267 од ДФЕУ, Уставниот суд на Италија побара од ЕСП да утврди дали членот 34 од Повелбата за фундаменталните права на ЕУ се применува на надоместоците породилно отсуство и мајчинство, и доколку е така, дали правото на ЕУ треба да се толкува на таков начин да го спречува националното законодавство кое не ги признава наведените бенефиции, што веќе им се доделени на странски државјани кои поседуваат дозвола за долгорочен престој во ЕУ, за оние странски државјани кои поседуваат единствена дозвола. ЕСП одговори дека според членот 34 (1) од Повелбата, ЕУ го признава и почитува правото на бенефиции од социјално осигурување и социјални услуги кои обезбедуваат заштита во случаи како што се мајчинство, болест, индустриски несреќи, зависност или старост, и во случај на губење на работа, во согласност со правилата утврдени со правото на ЕУ и националните закони и практики. Дополнително, според членот 34(2) од Повелбата, секој што живее и се движи легално во ЕУ има право на бенефиции од социјално осигурување и социјални предности во согласност со правото на ЕУ и националните закони и практики. Според тоа, националното законодавство, кое ги исклучува државјаните на трети земји од правото на додаток за породување и додаток за мајчинство предвидени со тоа законодавство, не е дозволено.

Повеќе

 C-791/19 - Commission v Poland (Régime disciplinaire des juges)

  •  15 јули 2021
  •  ECLI:  ECLI:EU:C:2021:596
  •  ЕУ
  •  Суд
  •  Судска одлука

ЕК покрена постапка пред ЕСП во врска со новиот дисциплински режим за судиите во Полска. Овој режим ги подложува судиите на дисциплински истраги, постапки и санкции врз основа на содржината на нивните пресуди. Со пресудата во овој случај, ЕСП потврди дека независноста на судскиот систем во Полска е влошена и дека обврските содржани во членот 19 (1) од ДЕУ биле прекршени. Според ЕСП, членот 47 од Повелбата мора соодветно да се земе во предвид за целите на толкување на членот 19 (1) од ДЕУ, бидејќи гарантира дека секој има право на правично и јавно сослушување во разумен рок од страна на независен и објективен трибунал, воспоставен со закон.

Повеќе

 C-94/20 - Land Oberösterreich (Aide au logement)

  •  10 јуни 2021
  •  ECLI:  ECLI:EU:C:2021:477
  •  ЕУ
  •  Суд
  •  Судска одлука

Во барањето за прелиминарно одлучување согласно член 267 од ДФЕУ, Регионалниот суд во Линц, Австрија, побара од ЕСП да го толкува членот 11 од Директивата на Советот 2003/109/EC во врска со статусот на државјаните на трети земји кои се долгорочни резиденти, членот 2 од Директивата 2000/43/ЕC на Советот за спроведување на принципот на еднаков третман помеѓу лицата без разлика на расата или етничкото потекло и членот 21 од Повелбата за фундаменталните права на ЕУ. ЕСП одговори во случај да е користена опцијата за примена на отстапувањето предвидена во членот 11 (4) од Директивата 2003/109, тогаш членот 21 од Повелбата не е наменет да се применува на законодавството на земја членка според кое доделувањето на помош за домување за државјани на трети земји кои се долгорочни жители, е предмет на условот да обезбедат доказ, во форма наведена во тоа законодавство, дека тие имаат основно познавање на јазикот на таа земја членка, доколку таа помош за домување не претставува “суштинска придобивка“ во смисла на членот 11 (4) од таа Директива. Ако станбената помош за која станува збор претставува таква суштинска придобивка, тогаш членот 21 од Повелбата кој забранува каква било дискриминација врз основа на етничко потекло, не ги исклучува таквите закони.

Повеќе

 C-28/20 - Airhelp

  •  23 март 2021
  •  ECLI:  ECLI:EU:C:2021:226
  •  ЕУ
  •  Суд
  •  Судска одлука

Во барањето за прелиминарно одлучување согласно член 267 од ДФЕУ, Окружниот суд Атунда на Шведска му постави прашање на ЕСП дали штрајкот на пилотите на авиокомпании, кои се вработени во авиопревозник и кои се потребни за одвивање на летот, претставува „вонредна околност“ во рамките на значењето на членот 5( 3) од Регулативата (ЕЗ) бр. 261/2004 со која се утврдуваат заеднички правила за компензација и помош на патниците во случај на одбивање за качување во авион и откажување или долго доцнење на летовите. ЕСП одговори дека правото да се преземе колективна акција, вклучително и акција за штрајк, е фундаментално право утврдено во членот 28 од Повелбата за фундаменталните права на ЕУ и тоа право е заштитено во согласност со правото на ЕУ, како и националните закони и практики. Според тоа, фактот дека работниците се повикаа на правото на штрајк и потоа започнаа штрајк, мора да се смета за извесен за секој работодавач, особено кога е известен за штрајкот. На крајот, ЕСП го толкуваше членот 5(3) од Регулативата (ЕЗ) бр. 261/2004 како акција за штрајк што се спроведува на повик од синдикат на персоналот на оперативен авиопревозник, во согласност со условите утврдени со националното законодавство, особено периодот на известување наметнат од него, кој има за цел да ги исполни барањата на работниците на тој превозник и кој е проследен со категорија на персонал кој е значаен за одвивање на летот. Истиот не спаѓа во концептот на „вонредна околност“ во смисла на таа одредба.

Повеќе

 C-857/19 - Slovak Telekom

  •  25 февруари 2021
  •  ECLI:  ECLI:EU:C:2021:139
  •  ЕУ
  •  Суд
  •  Судска одлука

Во барањето за прелиминарно одлучување согласно член 267 од ДФЕУ, Врховниот суд на Република Словачка му постави прашање на ЕСП дали фразата „ќе ги ослободи компетентните органи на земјите членки од нивната надлежност да ги применуваат членовите 101 и 102 од ДФЕУ“ во првата реченица од членот 11 (6) од Регулативата бр. 1/2003 за спроведување на правилата за конкуренција утврдени во членовите 101 и 102 од ДФЕУ значи дека властите на земјите членки ги губат своите овластувања да ги применуваат членовите 101 и 102 од ДФЕУ и дали членот 50 (Право да не се суди или казнува двапати во кривична постапка за исто кривично дело) од Повелбата за фундаменталните права на ЕУ се однесува и на административни прекршоци кои се состојат од злоупотреба на доминантна положба во смисла на членот 102 од ДФЕУ за кои ЕК и органот на земјата членка наметнале санкции одделно и независно при вршењето на нивната надлежност според членот 11(6) од Регулативата бр. 1/2003. ЕСП одговори дека членот 11(6) од Регулативата (EC) бр. 1/2003 на Советот се толкува така што компетентните органи на земјите членки се ослободени од нивната надлежност да ги применуваат членовите 101 и 102 од ДФЕУ во случај кога ЕК покренува постапка за донесување одлука со која се утврдува прекршување на тие одредби доколку тој формален акт се однесува на истите наводни прекршувања на членовите 101 и 102 од ДФЕУ, извршени од исто претпријатие или претпријатија на ист пазар или пазари на производи и истиот географски пазар, или пазари во текот на истиот период или периоди како оние што се однесуваат на постапката или постапките што претходно ги покренале тие органи. Понатаму, принципот ne bis in idem, како што е наведен во членот 50 од Повелбата за фундаменталните права на ЕУ, мора да се толкува така што се применува на прекршување на правото за конкуренција, како што е злоупотребата на доминантната позиција наведена во членот 102 од ДФЕУ.

Повеќе

 C-623/17 - Privacy International

  •  06 октомври 2020
  •  ECLI:  ECLI:EU:C:2020:790
  •  ЕУ
  •  Суд
  •  Судска одлука