Одлуки: Темелни права - Еднаквост

Категории

 C-824/19 - Komisia za zashtita ot diskriminatsia

  •  21 октомври 2021
  •  ECLI:  ECLI:EU:C:2021:862
  •  ЕУ
  •  Суд
  •  Судска одлука

Во барањето за прелиминарно одлучување согласно член 267 од ДФЕУ, Врховниот управен суд на Бугарија побара од ЕСП да утврди дали е дозволено слепо лице да може да работи како поротник и да учествува во кривична постапка, или дали конкретната попреченост на слепото лице е карактеристика што претставува вистински и одлучувачки услов за работата на поротник, чие постоење оправдува различен третман и не претставува дискриминација врз основа на карактеристиката „инвалидност“. ЕСП ја толкуваше Директивата 2000/78/ЕC на Советот за воспоставување општа рамка за еднаков третман во вработувањето и професијата, земајќи ги во предвид членовите 21 и 26 од Повелбата за фундаменталните права на ЕУ, при што утврди дека истата го превенира целосното одземање на можноста на слепото лице за вршење на должностите на поротник во кривичните постапки.

Повеќе

 C-94/20 - Land Oberösterreich (Aide au logement)

  •  10 јуни 2021
  •  ECLI:  ECLI:EU:C:2021:477
  •  ЕУ
  •  Суд
  •  Судска одлука

Во барањето за прелиминарно одлучување согласно член 267 од ДФЕУ, Регионалниот суд во Линц, Австрија, побара од ЕСП да го толкува членот 11 од Директивата на Советот 2003/109/EC во врска со статусот на државјаните на трети земји кои се долгорочни резиденти, членот 2 од Директивата 2000/43/ЕC на Советот за спроведување на принципот на еднаков третман помеѓу лицата без разлика на расата или етничкото потекло и членот 21 од Повелбата за фундаменталните права на ЕУ. ЕСП одговори во случај да е користена опцијата за примена на отстапувањето предвидена во членот 11 (4) од Директивата 2003/109, тогаш членот 21 од Повелбата не е наменет да се применува на законодавството на земја членка според кое доделувањето на помош за домување за државјани на трети земји кои се долгорочни жители, е предмет на условот да обезбедат доказ, во форма наведена во тоа законодавство, дека тие имаат основно познавање на јазикот на таа земја членка, доколку таа помош за домување не претставува “суштинска придобивка“ во смисла на членот 11 (4) од таа Директива. Ако станбената помош за која станува збор претставува таква суштинска придобивка, тогаш членот 21 од Повелбата кој забранува каква било дискриминација врз основа на етничко потекло, не ги исклучува таквите закони.

Повеќе

 C-441/14 - DI

  •  19 април 2016
  •  ECLI:  ECLI:EU:C:2016:278
  •  ЕУ
  •  Суд
  •  Судска одлука

Во барањето за прелиминарно одлучување согласно член 267 од ДФЕУ, Врховниот суд на Данска побара од ЕСП да утврди дали општиот принцип на правото на ЕУ за забрана на дискриминација врз основа на возраст спречува закони со кои се одзема правото на работникот на финансиска компензација, кога работникот има право да бара пензија од работодавачот според пензиска шема во која работникот се вклучил пред да наполни 50 години, без разлика дали работникот ќе избере да остане на пазарот на труд или да оди во пензија. ЕСП одговори позитивно на ова прашање, при што утврди дека од судската пракса на ЕСП произлегува дека принципот на недискриминација, содржан во членот 21 од Повелбата за фундаментални права на ЕУ, мора да се смета како општ принцип на правото на ЕУ.

Повеќе

 C-528/13 - Léger

  •  29 април 2015
  •  ECLI:  ECLI:EU:C:2015:288
  •  ЕУ
  •  Суд
  •  Судска одлука

 C-416/13 - Vital Pérez

  •  13 ноември 2014
  •  ECLI:  ECLI:EU:C:2014:2371
  •  ЕУ
  •  Суд
  •  Судска одлука

 C-555/07 - Kucukdeveci

  •  19 јануари 2010
  •  ECLI:  ECLI:EU:C:2010:21
  •  ЕУ
  •  Суд
  •  Судска одлука