Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје на 10 јули 2016 година започна да го спроведува проектот „Следење на владеењето за раст во областа на правдата од Стратегијата за ЈИЕ 2020 (JuDGMeNT)“. Проектот е финансиран од Регионалниот совет за соработка во рамките на Програмата за грантирање: „Поддршка за промоција и унапредување на ЈИЕ 2020 Стратегијата“ (Реф.бр.CfP02/2016) и е со времетраење од 6 месеци.
Главна цел на проектот е придонес во воспоставувањето на механизам од граѓански организации за следење на исполнувањето на показателите од ЈИЕ 2020 Стратегијата во столбот Со добро владеење до раст. Дополнително, специфичните цели се однесуваат на следново: да се иницира структурно следење на спроведувањето на ЈИЕ 2020 Стратегијата во однос на областа Правда од столбот Со добро владеење до раст; да се зголемат капацитетите на граѓанските организации за изготвување на извештаи од следењето (мониторинг извештаи), и да се придонесе кон јавната дебата за спроведувањето на ЈИЕ 2020 Стратегијата во однос на областа Правда.
Проектните активности се однесуваат на изготвување на матрица и методологија за следење на областа Правда од столбот Со добро владеење до раст наменета за граѓанските организации. Врз основа на методологијата, ќе бидат подгтвувани месечни извештаи за напредокот во спроведувањето на ЈИЕ 2020 Стратегијата, како и сопфатен извештај за напредокот во однос на показателите предвидени со ЈИЕ 2020 Стратегијата. Со цел зајакнување на јавната дебата, проектот ќе биде заокружен со организирање на форуми за дискутирање на јавни политики за презентирање на наодите од следењето и давање соодветни препораки.
Очекувани резултати од проектот:
- Р1. Воспоставен механизам за структурно следење на спроведувањето на ЈИЕ 2020 Стратегијата за управување со развојот во областа Правда;
- Р2. Зголемени капацитетите на граѓанските организации за изготвување на извештаи од следењето на спроведувањето на ЈИЕ 2020 Стратегијата во столбот Со добро владеење до раство однос на областа Правда, и
- Р3. Зајакната јавната дебата за ЈИЕ 2020 Стратегијата во областа Правда од столбот Со добро владеење до раст.