Дискусија за алтернативно решавање на спорови

Дискусија за алтернативно решавање на спорови

Институтот за европска политика - Скопје организираше дискусија за јавна политика за алтернативно решавање на спорови на 2 декември 2016, во хотелот „Холидеј Ин“. Настанот беше организиран како дел од проектот „Следење на владеењето за раст во областа на правдата (JuDGMeNT)“, кој ги следи реформите во областа на правдата според Стратегијата за Југоисточна Европа 2020.

Низ дискусијата се истакна важноста за алтернативното решавање на споровите, кое помага во кратење на времето, трудот и парите кои се потребни за успешно решавање на споровите. Сепак, Република Македонија се соочува со низа на предизвици кои ја оневозможуваат успешната имплементација на алтернативното решавање на споровите.

На настанот говореа професори и експерти од практиката. Целосната листа во продолжение:
  • Срдан Шимац, регионален експерт
  • д-р Љупчо Сотироски, национален експерт
  • Мр. Илија Манасиев, национален експерт
  • д-р Арсен Јаневски, Арбитер при Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската Комора на Република Македонија
  • Ардита Абази Имери, програмска координаторка во ЕПИ
  • д-р Борче Давитковски, Правен факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
  • Роза Алексова, национален експерт
  • Мери Младеновска Ѓорѓиевска, член на Претседателството на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Република Македонија
  • д-р Јадранка Дабовиќ, Правен факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
  • Радица Лазареска Геровска, Државен советник, Министерство за правда
  • Љубица Караманди, виш експерт
Проектот „Следење на владеењето за раст во областа на правдата (JuDGMeNT)“ е финансиран од Регионалниот совет за соработка, во рамките на спроведувањето на Стратегијата за ЈИЕ2020.

Галерија