Институтот за европска политика -
Скопје организираше дискусија за
квалитетот, ефикасноста и компетентноста на судиите и судовите на 22 декември 2016, во хотелот „Холидеј Ин“. Настанот беше организиран како дел од проектот „
Следење на владеењето за раст во областа на правдата (JuDGMeNT)“, кој ги следи реформите во областа на правдата според Стратегијата за Југоисточна Европа 2020.
Низ дискусијата беше потенцирано дека главната пречка во постигнување компетентност и квалитет на судиите и судовите претставува
политичкото влијание во судството. Дополнително, недостатокот од поддршка од останатите две власти, особено во поглед на
финансирање на судството, го оневозможува пристапот до квалитетна и ефикасна судска власт. Од говорниците беше истакнат и фактот дека дел од судската
администрација не е обучена за својата работа, но и дека недостасува
дополнително обучување на судиите.
На настанот говореа истакнати експерти и практичари од областа. Целосната листа во продолжение:
- Ардита Абази Имери, програмска координаторка во ЕПИ
- Александра Богдановска, Коалиција Сите за праивчно судење, експерт
- Влатко Самарџиски, судија, член на Судскиот совет на РМ
- Александар Николов, Зенит, експерт
- Љубица Караманди, виш експерт
- Омер Хаџиомеровиќ, судија, заменик претседател на Здружението на судии на Србија
- Анета Арнаудовска, судија, Академија за судии и јавни обвинители
- Фисник Кореница, директор, Група за правни и политички студии, Приштина
- Антоанета Димовска, судија, Основен суд Скопје 2
- Др. Малинка Ристевска Јорданова, директорка на ЕПИ
Проектот „Следење на владеењето за раст во областа на правдата (JuDGMeNT)“ е финансиран од Регионалниот совет за соработка, во рамките на спроведувањето на Стратегијата за ЈИЕ2020.