Во подрачјето на човековите права, опфатени се традиционалните граѓански права, вклучувајќи ги правото на живот, забраната на тортурата и понижувачкото постапување, слободата на религијата, слободата на изразување и слободата на собирање и здружување, правото на приватен живот, слободата на комуникациите, слободата на изразување и плурализмот во медиумите. Натаму, се забранува дискриминација на повеќе основи и се бара обезбедување еднаквост помеѓу мажот и жената. Децата уживаат посебна заштита.Треба да се гарантира и правото на образование и правото на сопственост.
Државата која пристапува треба да обезбеди процедурални заштитни мерки: слобода и безбедност, како и право на правично судење.Еднаквиот пристап до правдата е значајно начело.
Почитувањето и заштитата на малцинствата и културните права се следи врз основа на меѓународните документи, како и уставните одредби на државите-кандидати. Посебно внимание се посветува на интеграцијата на Ромите.
Предмет на разгледување во пристапниот процес се и мерките за спречување и борба против расизмот и ксенофобијата.
Со цел унапредување на темелните права на граѓаните на ЕУ, воспоставена е посебна Агенција за фундаментални права. Во неа, државите-кандидати можат да имаат набљудувачки статус.
Треба да се обезбеди заштита на личните податоци, во согласност со директивите на ЕУ.