+3892 3 280 100
network23@epi.org.mk
Клучни документи
|
Активности
|
За МЕРЦ
|
Контакт
Најава
MK
|
EN
|
SQ
Мени
Почетна
Правосудство
Независност
Непристрасност и одговорност
Професионализам / стручност / ефикасност
Борба против корупцијата
Институции и политика
Меѓународна и домашна правна рамка
Темелни права
Човекови права
Човеково достоинство
Право на живот и интегритет на личноста
Забрана на тортура и нехумано и понижувачко постапување и казнување
Забрана на ропство, слугување и присилна и задолжителна работа
Почитување на приватен и семеен живот и комуникации
Право на склучување брак и право на основање семејство
Слобода на мислата, совеста и религијата
Слобода на собирање и здружување, вклучително слобода на формирање политичка партија и основање синдикати
Однос кон социјално ранливите и лицата со посебни потреби и принципот на недискриминација
Слобода на изразување и плурализам во медиуми
Право на образование
Право на сопственост
Родова еднаквост и права на жените
Права на детето
Процедурални заштитни мерки
Слобода и безбедност
Право на правична судска постапка
Заштита на малцинствата и културни права
Мерки за борба против расизам и ксенофобија
Агенција за темелни права на ЕУ
Заштита на личните податоци
Права на граѓаните на ЕУ
Право на глас и кандидирање на изборите за Европски парламент
Право на глас и кандидирање на општински избори
Право на слободно движење и престој во Европската унија
Дипломатска и конзуларна заштита
Одлуки од ЕСП
Член 7 ДЕУ
Членство во ЕУ
Четирите слободи
Слобода на движење на стоки
Слобода на движење на работници
Слобода на основање и давање и примање услуги
Слобода на движење на капитал
ЕУ државјанство
Темелни права
Достоинство
Човечко достоинство
Право на живот
Право на интегритет на личноста
Забрана за мачење и нечовечно или понижувачко постапување или казнување
Забрана за ропство и принудна работа
Слободи
Право на слобода и сигурност
Почитување на приватниот и семејниот живот
Заштита на лични податоци
Право на стапување во брак и право на основање на семејство
Слобода на мисла, совест и вероисповед
Слобода на изразување и информирање
Слобода на собирање и здружување
Слобода на уметноста и науките
Право на образование
Слобода за избирање на занимање и право на работа
Слобода за деловно работење
Право на сопственост
Право на азил
Заштита во случај на отстранување, протерување или екстрадиција
Еднаквост
Еднаквост пред законот
Антидискриминација
Културна, религиозна и јазична разноликост
Еднаквост помеѓу мажите и жените
Правата на децата
Правата на постарите лица
Вклопување на лицата со попреченост
Солидарност
Право на работниците на информирање и консултирање во претпријатието
Право на колективно преговарање и активност
Право на пристап до услугите за наоѓање на работа
Заштита во случај на неоправдано отпуштање
Фер и праведни работни услови
Забрана за работа на деца и заштита на младите луѓе на работа
Семеен и професионален живот
Социјална безбедност и социјална помош
Здравствена заштита
Пристап до услугите од општ економски интерес
Заштита на животната средина
Заштита на потрошувачите
Граѓански права
Право на гласање и право на кандидирање на изборите за Европскиот парламент
Право на гласање и право на кандидирање на општински избори
Право на добро управување
Право на пристап до документи
Правобранител
Право на петиција
Слобода на движење и престој
Дипломатска и конзуларна заштита
Правда
Право на ефективна правна помош и фер судење
Претпоставка на невиност и право на одбрана
Принципи на легалност и пропорционалност на кривичните дела и казни
Право да не се суди и казнува два пати во кривичните постапки за истото кривично дело
Кривично право
Барај
Затвори
Барај документи
Барај
Документи
Клучни документи
Област / подрачје
Сите
Правосудство
Независност
Непристрасност и одговорност
Професионализам / стручност / ефикасност
Борба против корупцијата
Институции и политика
Меѓународна и домашна правна рамка
Темелни права
Човекови права
Човеково достоинство
Право на живот и интегритет на личноста
Забрана на тортура и нехумано и понижувачко постапување и казнување
Забрана на ропство, слугување и присилна и задолжителна работа
Почитување на приватен и семеен живот и комуникации
Право на склучување брак и право на основање семејство
Слобода на мислата, совеста и религијата
Слобода на собирање и здружување, вклучително слобода на формирање политичка партија и основање синдикати
Однос кон социјално ранливите и лицата со посебни потреби и принципот на недискриминација
Слобода на изразување и плурализам во медиуми
Право на образование
Право на сопственост
Родова еднаквост и права на жените
Права на детето
Процедурални заштитни мерки
Слобода и безбедност
Право на правична судска постапка
Заштита на малцинствата и културни права
Мерки за борба против расизам и ксенофобија
Агенција за темелни права на ЕУ
Заштита на личните податоци
Права на граѓаните на ЕУ
Право на глас и кандидирање на изборите за Европски парламент
Право на глас и кандидирање на општински избори
Право на слободно движење и престој во Европската унија
Дипломатска и конзуларна заштита
Извор
Сите
Национален
Mеѓународен
ЕУ
Под-извор
Сите
Oфицијален орган
Aкадемски
Невладин сектор
Суд
Тип
Сите
Законодавство
Jуриспруденција
Стандард
Стратегија / програма
Извештај
Анализа
Документ на политика
Информација
Статистика
Судска одлука
Мислење
Друго
Таг
Сите
Темелни права
Антидискриминација
Еднаквост
Економски и социјални права
Правосудство
Дискриминација
Независност
Извештај
Роми
Говор на омраза
Народен правобранител
Дете
Меѓународни стандарди
Роми и визна либерализација
Корупција
ЛГБТИ
Злосторства од омраза
ЕУ законодавство
Реинтеграција на баратели на азил
Ксенофобија
организиран криминал
Раса
локална самоуправа
Верска омраза
Лустрација
општини
Скрининг
Мобинг
локална самоуправа општини партии
Регионална димензија
ЈИЕ 2020
Регионална соработка
Прекугранична соработка
Од Мрежа 23
Сите
Да
Не
Датум на објавување
Јазик
Македонски
English
Shqip
Име, опис или клучен збор
Статус на реализација на итни реформски приоритети
Итни реформски приоритети
тековен статус
Последна промена: 31 јануари 2020
Легенда
Не се спроведува или спроведените мерки се спротивни со приоритетот
Спроведените мерки не се во насока на исполнување на приоритетот
Во тек
Реализирано
1. Владеење на право и правосудство
A. Правосудство
Деполитизација на назначувањето и унапредувањето на судии и обвинители, не само теоретски, туку во практиката, врз основа на транспарентни, објективни критериуми, засновани строго на заслуга, применети со транспарентна и отворена постапка.
Воспоставување на усогласен систем за управување со учинокот, заснован и на квалитативни, освен на квантитативни стандарди, како основа за сите одлуки за кариера.
Да се отстранат оние елементи од системот за дисциплински постапки и разрешување на судиите кои сега ја нарушуваат судската независност, и во законодавството и во практиката.
Да се обезбеди професионалност на Судскиот совет, во практиката, а не само во теоретски (т.е. јасно и предвидливо тестирање за примена на законската обврска за „истакнат правник”).
Да се зголеми проактивната улога на Судскиот совет и највисоките судови, за да се заштитат судиите од мешање во нивната независност (преку подобрени комуникациски стратегии и преку решително дејствување по жалбите за мешање или притисок).
Да се унапреди квалитетот на обуката, буџетот и автономијата на Академијата за судии и обвинители (и да се поттикне испраќањето на национални судии на стаж во ЕСЧП).
Да се обезбеди објавување на сите судски пресуди во јасни рокови определени со закон (и да се обезбедат целосни можности за пребарување и олеснет пристап).
Да се изгради успешно досие за вкупната должина на постапките со посебен фокус на „старите предмети“.
Да се обезбеди брзо извршување на сите пресуди на ЕСЧП против државата (особено преку развивање практични и ефективни мерки за секоја категорија на предмети).
Б. Функционален судски и парламентарен надзор над следењето на комуникациите
Да се обезбеди појасно одвојување на мандатите и прописите кои се однесуваат на следењето на комуникациите, од една страна - за кривични истраги, а од друга страна - за безбедносни цели.
Да се отстрани посредничката функција на УБК како „чувар“ на активностите на следење од страна на органите со посебни овластувања (полиција, царина, финансиска полиција).
Да се отстрани директниот пристап на УБК до техничка опрема што овозможува следење на комуникацискиот сигнал на телекомуникациските оператори (на пример целосно отстранување на практичната и техничка способност на УБК за директно зафаќање на комуникациите).
Да се појасни во законот и во практиката телекомуникациските оператори да смеат да активираат и пренасочуваат сигнали кон надлежните агенции за спроведување на законот (полиција, царина, финансиска полиција), или безбедносните агенции (УБК, Агенција за разузнавање и Воената служба за безбедност и разузнавање при Министерството за одбрана) само со претходно добивање на релевантен судски налог и само за законско следење.
Да се воведат алатки за управување со ризици за насочување и водење на сите разузнавачки операции, како и за зајакната безбедност и складирање на податоци.
Да се обезбеди соодветна обука на вработените за заштита на податоци, темелни права, професионална етика и интегритет.
Да се обезбеди итно и редовно заседавање на соодветните парламентарни комисии за следење на комуникациите и за безбедност и контраразузнавање, како и нивно непречено функционирање.
Да се обезбеди овие комисии да функционираат во согласност со нивните законски должности за известување, како и да им се овозможи да ги добиваат непречено потребните податоци, сведоштва, техничка помош и пристап, неопходни за да ги подготвуваат извештаите.
В. Независни регулаторни, контролни и надзорни тела
Да се обезбеди доволна автономија на независните регулаторни, контролни и надзорни тела, не само теоретски туку и во практиката, со цел тие да дејствуваат ефективно и без политички притисок. Ова бара не само проактивни напори од самите тела, но и политичка волја на сите други чинители да им дозволат да ги извршуваат нивните функции како што е предвидено со закон, вклучително и преку доделување на доволно финансиски средства.
Да се обезбеди членството во независни регулаторни тела да се заснова на стручни способности, стручно искуство соодветно за областа и компаративна предност при изборот/именувањето.
Да се обезбеди сите државни органи да ги почитуваат препораките на Народниот правобранител и другите советодавни тела, со целосно почитување на законот и принципот на отчетност.
Да се обезбедат ефикасни законски санкции за неисполнување на барањата и препораките на независните тела.
Да се обезбеди Канцеларијата на Народниот правобранител да се регулира целосно во согласност со Париските принципи.
Г. Антикорупциски политики и законодавство
Да се воспостави веродостојно досие за корупција на високо ниво, така што телата за спроведување на законот и надзорните тела да имаат доволно автономија да дејствуваат независно во согласност со законот (веродостојноста на сегашното досие е нарушена поради отсуство на одреден број предмети од висок профил од претходните години).
Целокупната борба против корупција треба да биде зајакната.
Навремено се објавуваат анкетните листови на новоизбраните носители на функции.
Да се работи со експерти од ГРЕКО за да се воспостави нов, сеопфатен механизам за заштита на укажувачи во склад со последните препораки на Советот на Европа и најдобрите европски практики.
Д. Лустрација
Да се разрешат сериозните недостатоци и да се ревидира/повлече Законот за лустрација и неговото спроведување (особено имајќи го предвид amicus curiae мислењето на Венецијанската комисија) во однос на временските ограничувања, заштитата од политички, идеолошки или партиски причини кои се користат како основи за лустрација; исклучување на лица на приватни или полуприватни позиции и посилна заштита на идентитетот на субјектите до конечната судска одлука).
2. Деполитизација на јавната администрација
Стриктно да се спроведува новата законска рамка, Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавниот сектор, со целосно почитување на принципите на транспарентност, заслуга и правична застапеност.
Политиките за вработување треба да ги следат принципите на транспарентност, заслуга и правична застапеност во јавната служба преку отворени постапки. Не треба да има понатамошни вработувања без почитување на правилата.
Да се стави мораториум на Законот за трансформација на привремени вработувања во постојани позиции се додека принципот на заслуга не е целосно запазен во процесот на трансформација.
Да се дадат бројки за сите вработени јавни службеници во сите владини министерства, агенции и други тела, поделени по сектори.
3. Изборна реформа
Да се заврши изборната реформа во склад со препораките на ОБСЕ/ОДИХР и на Венецијанската комисија, вклучително и да се зголеми опсегот и можностите да се поднесуваат приговори и жалби, обезбедувајќи доволна раздвоеност меѓу активностите на државата и политичките партии и обезбедување двопартиски пристап на изборните тела на сите нивоа.
Да се направи ревизија на Избирачкиот список во согласност со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, да се оцени точноста и комплетноста на податоците за гласачите, особено во однос на можни двојни гласачи; гласачи регистрирани одделно со податоци од лична карта и податоци од пасош; и адреси со голем број на регистрирани гласачи. Да се идентификуваат области за можно подобрување во точноста на податоците за гласачите. Да се ревидира и соодветно да се подобри точноста на избирачкиот список.
4. Спроведување на препораките на Анкетната комисија за настаните од 24 декември
Да се спроведат препораките на Анкетната комисија од 2013 година во однос на подобро функционирање на Собранието и распоредувањето на неговата работа.
5. Медиуми: Слобода на изразување
А. Јавен радиодифузен сервис
Да се обезбедат видливи докази за тековни реформи во јавниот радиодифузен сервис во однос на политика, организација, едукација и уредништво, насочени кон адресирање на критиките кои беа редовно искажувани во минатото во однос на недостигот на политичка независност, недостигот на урамнотежено известување, како и обезбедување информативна, висококвалитетна содржина.
Б. Владино рекламирање
Да се воспостават строги правила за владино рекламирање засновани на транспарентни, објективни и недискриминациски критериуми.
Да се обезбеди целосна транспарентност на владиното рекламирање (не само во однос на трошењето на јавните финансии, туку и во однос на примателите и содржините).
Да се развие механизам за неплатени објави на јавниот сервис кои се навистина од јавен интерес.
В. Пристап до информации
Да се адресираат главните пречки со кои се соочуваат новинарите при добивањето јавни информации (на пр. неуспехот на релевантни тела да одговорат на многу барања за информации, неоправданото прекумерно користење на категоријата „доверливо“ за документи што не се од таква природа).
Г. Клевета
Ревидирање на законодавството за да се отстранат случаите од типот „чест“, „достоинство“ и „навреда“, кои се во врска со законската дефиниција на навреда, а спаѓаат надвор од опсегот на навреда во смисла на член 10 од ЕКЧП.
Ревидирање на процедуралните правила со цел исклучување на мали случаи и наместо тоа зголемување на користењето медијација за решавање на истите.
Поддршка и промоција на поголемо користење на саморегулацијата како алтернатива за судско постапување.
Гарантирање и спроведување, на политичко ниво, на практикувањето на соодветно самоограничување од страна на политичарите и јавните функционери за да не се покренува постапка за клевета, во согласност со принципите на ЕСЧП.