За МЕРЦ

Во контекст на значењето на Поглавјето 23 – правосудство и темелни права, особено во процесот на пристапување во Европската Унија, во рамки на проектот Мрежа 23 изработена е веб-алатката МЕРЦ 23. Со воспоставувањето на МЕРЦ ќе се овозможи уникатна национална платформа за следење и застапување на политиките од поглавјето. Иако оваа алатка беше развиена како активност во рамки на проектот, МЕРЦ 23 ќе биде презентиран на јавноста како отворен механизам за користење.

МЕРЦ 23 (merc.org.mk) претставува датабаза која овозможува категоризација, накрсно референцирање и структурно претставување на постоечката документација во земјата и Европската Унија за областите од Поглавјето 23 – правосудство, антикорупција и темелни права. Согласно структурата, МЕРЦ ќе овозможи детален преглед и на подобластите со цел поблиско доближување на содржината до пошироката јавност. Во оваа фаза, документацијата со која се располага ќе биде презентирана само на јазикот на која е објавена. Целта е во најбрз можен рок МЕРЦ 23 да ги презентира сите содржини на македонски, албански и англиски јазик.

Oперативноста на системот ќе биде обезбедена во рамки на редовните активности на партнерските организации и членките на Мрежа 23. МЕРЦ 23 се состои од релевантни документи поврзани со процесот на пристапување на државата во Европската Унија и е структуиран согласно областите од  Поглавјето 23 – правосудство и темелни права. Исто така, веб алатката ќе содржи документи за јавна политика кои третираат теми и имаат за цел да укажат на спроведувањето на специфичните политики од поглавјето. Преку системот на досиеjа ќе се објавуваат анализи поврзани со тековните случувања во земјата кои имаат директна врска со областа на правосудство и темелни права.

Клучните придобивки од ваков тип на веб алатка е овозможување на лесен пристап до документацијата со која се располага за дадената област и со тоа создавање на можност за брзо пребарување и користење на материјалите при следењето и евалуацијата на политиките од Поглавјето 23.