Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, во рамките на проектот „Градиме мостови за заедничка иднина: Владеење на правото во насока на пристапувањето во ЕУ“ организира фокус група за студенти и претставници на граѓански организации во врска со подобрување на МК-ЕУ Ресурсниот центар (merc.org.mk).Целта на фокус групата е да се чујат ставовите на граѓаните за функционалностите на МЕРЦ, како и да се добијат предлози и идеи за идни ажурирања на платформата со цел подобрено користење.МЕРЦ 23 (merc.org.mk) претставува датабаза која овозможува категоризација, накрсно референцирање и структурно претставување на постоечката документација во земјата и Европската Унија за областите од Поглавјето 23 – правосудство, антикорупција и темелни права. Согласно структурата, МЕРЦ овозможува детален преглед и на подобластите со цел поблиско доближување на содржината до пошироката јавност.Клучните придобивки од ваков тип на веб алатка е овозможување на лесен пристап до документацијата со која се расп...
За плановите и приоритетите на Владата по билатералниот скрининг, како и за плановите за мониторинг на граѓанските организации во оваа насока денес дискутираа релевантните државни актери одговорни за различни области од темелните права, вклучени во процесот на пристапување на Севера Македонија во ЕУ и граѓанските организации кои работат на владеењето на правото и темелните права на работилницата за координирање на темелните права во поглед на пристапувањето во ЕУ. Работилницата ја водеа Фросина Тасевска, државна советничка за европска интеграција во Министерството за правда и Христина Коневска-Беровска раководителка на Секторот за интеграција во Секретаријатот за европски прашања.Тие зборуваа за степенот на подготвеност и усогласеност, заедно со предизвиците на кои ќе треба да се работи за подобрување на состојбата со човековите права во Северна Македонија. Вториот дел од работилницата беше посветен на размената на добри практики и искуства со земјите-членки на ЕУ и земјите кои момента...
Клучните наоди и препораки од седмиот по ред Извештај во сенка за Поглавје 23 кој Институтот за европска политика го изработува денес беа дискутирани со претставници од институциите, граѓанските организации и експерти. Овој извештај во сенка го опфаќа периодот од октомври 2021 година до септември 2022 и ги обединува во единствена кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки што произлегоа од следењето на областите содржани во Поглавјето 23 – правосудство и темелни права. Во извештајот се прикажани податоци што се релевантни и пред октомври 2021 година година, доколку тие биле потребни за контекстуализација или за појаснување на новините од тековниот извештаен период, а кои се релевантни за извештајниот период. Овој извештај ја следи структурата на Поглавјето 23, согласно извештајот на Европската комисија. Целта на дијалогот за политиките со претставниците од институциите, граѓанските организации и експерти од областа беше да се поттикне отворена дебата за имплементацијата на реф...
Во контекст на значењето на Поглавјето 23 – правосудство и темелни права, особено во процесот на пристапување во Европската Унија, во рамки на проектот Мрежа 23 изработена е веб-алатката МЕРЦ 23. Со воспоставувањето на МЕРЦ ќе се овозможи уникатна национална платформа за следење и застапување на политиките од поглавјето. Иако оваа алатка беше развиена како активност во рамки на проектот, МЕРЦ 23 ќе биде презентиран на јавноста како отворен механизам за користење.