
Опфатени се мерки за превенција, како и за репресија на корупцијата. Под превенција се подразбира отстранување на ризиците кои ѝ одговараат на корупцијата. Во областа на репресијата се бараат јасни резултати во постапките и во казнувањето.
Подрачјето институции и политика се однесува на националната стратегија за борба против корупцијата и нејзиното спроведување. Значајни се поставеноста и функционирањето на институциите и на телата кои имаат надлежности во борбата против корупцијата.
Во подрачјето на меѓународната и домашната правна рамка, се следи усогласувањето со законодавството на ЕУ, конвенциите на Советот на Европа, Обединетите нации и ОЕЦД. Националните кривични материјални и процесни одредби треба да се усогласат со меѓународните стандарди и да се спроведуваат во практиката. Актуелни прашања се конфликтот на интереси, финансирањето на политичките партии, јавните набавки, пристапот до јавни информации итн.