
Правата на граѓаните на Унијата се однесуваат, пред сè, на правото на глас и на можноста за кандидирање за избори во Европскиот парламент и на општински избори во земјата на престој. Граѓаните на ЕУ имаат право на слободно движење и престој во Европската Унија. Исто така, тие имаат право на дипломатска и на конзуларна заштита од која било земја-членка на ЕУ.
Усогласувањето со овие барања на правото на ЕУ, вообичаено, е во завршницата на процесот на пристапување.